Во текот на месец Септември, 2018 година наставниците кои го следат основното ниво на обука за интеркултурно образование при Тренинг центарот на НДЦ Скопје присуствуваа на практичните модули во рамки на програмата за обука за интеркултурно образование. Практичните модули за Нансен моделот беа организирани во ООУ „Гоце Делчев“ во Гостивар, додека нагледните воннаставните активности беа реализирани од страна на наставничките Анета Казиовска и Мируше Џафери. Со учество на практичните модули и преку набљудување на интегрираните воннаставни активности, учесниците имаа можност да научат повеќе за практичните методи кои се применуваат во Нансен модел училиштата и да се запознаат одблиску со начинот на спроведување на Нансен моделот за интеркултурно образование.