На 13 ноември, 2013 година, започна основното ниво на обука за интегрирано образование со четвртата група на учесници во рамките на Тренинг центарот- Нансен модел за интегрирано образование. Групата е составена од наставници и професори коишто се добитници на делумните стипендии доделени од страна на НДЦ Скопје и коишто доаѓаат од повеќе градови низ Република Македонија: Скопје, Тетово, Охрид, Струга, Куманово, Крушево, Прилеп, Велес и општина Карбинци.

Основното ниво на обука за интегрирано образование се состои од теоретски и практичен дел како и предавања од локални и меѓународни експерти од полето на интегрираното образование, односно од следните активости:

  • Теоретски обуки и работилници – 5 модули,
  • Практични обуки во Нансен модел училиштата – 2 модули,
  • Предавања со локални експерти – 2 модули,
  • Практична реализација на интегрирани воннаставни активности – 1 модул,
  • Конференција за интегрирано образование со меѓународни експерти – 4 модули.