На 23 март 2018 година, наставничките Дрита Јакупи и Лидија Билбиловска организираа креативна работилница со родителите на учениците вклучени во проектот. За време на работилницата, родителите заедно со учениците и наставничките изработуваа накит од епоксидна смола.

Креативната работилница се реализира во рамки на програмата за соработка со родители. Главни цели на програмата се:

  • Унапредување на соработката и довербата на родителите кон училиштето и наставничкиот тим;
  • Промовирање на активната улога на родителите во осмислувањето, изведувањето и евалуацијата како на наставните, така и на воннаставните активности;
  • Зајакнување на соработничките односи помеѓу родителите со различно етничко, верско, културно потекло;
  • Продлабочување на животните вештини кај родителите како и формирање на навики за континуирано самообразование;
  • Поттикнување на самодовербата кај родителите како и на позитивниот однос кон другите членови на групата.