На 12 декември 2017 година, наставничките Даниела Стефановска и Хатиџе Мемети ја реализираа активноста “Нашата елка” како дел од Еко-секцијата, реализирана во рамки на Нансен проектните активности. Целта на активноста беше зајакнување на интеракцијата помеѓу учениците, како и поттикнување и поддршка на креативниот потенцијал. Целите беа постигнати преку воведни игри, изработка на елки и украси, како и слушање музика.