На 11 март 2017 година, Нансен дијалог центар Скопје организираше меѓународна конференција на тема “Улогата и значењето на интеркултурализмот во образованието”. Конференцијата се одржа во Скопје, а беше организирана како дел од програмата за основно ниво на обука за интеркултурно и интегрирано образование при Тренинг центарот на НДЦ Скопје. Конференцијата се состоеше од три предавања од истакнати меѓународни експерти, кои се дел од меѓународниот тим на обучувачи во рамките на Тренинг центарот за интеркултурно и интегрирано образование; г-ѓа Паула Меклвејн, од Советот за интегрирано образование на Северна Ирска (NICIE), г. Пол Роу – извршен директор на „Educate together“, Република Ирска и г-дин Стеинар Брин  од Нансен центарот за мир и дијалог, Норвешка. На конференцијата присуствуваа 140 наставници, директори на училишта, педагози и психолози од основните и средните училишта во Р. Македонија.

Фото галерија