На 13 април, 2017 НДЦ Скопје претставен од страна на менаџерот на Тренинг центарот, г-ѓа Билјана Крсетска- Папиќ учествуваше на конференцијата за стручна расправа на тема “Повеќејазично образование во регионот на ОБСЕ: искуства и перспективи за Украина” во организација на Високиот комесаријат за национални малцинства при ОБСЕ во партнерство со Министерството за образование и наука на Украина. Конференцијата се одржа во Киев, и во неа учествуваа владини претставници, претставници на образовни институции, академици и едукатори.

Учесниците на конференцијата ги поздрави и им се обрати и министерот за образование и наука на Украина, г-ѓа Лилија Гриневиќ и политичкиот советник при Канцеларијата на комесарот на ОБСЕ за национални малцинства, г-дин Захид Мовлазада.

Во текот на стручна дискусија, г-ѓа Билјана Kрстеска- Папиќ го презентираше Нансен моделот за интегрирано образование, истакнувајќи ги придобивките од неговата имплементација во пост-конфликтните и одвоени општества. Беше истакнато дека Нансен моделот за интегрирано образование е докажано ефикасен во зближување на учениците, наставниците и родителите од различни потекла.