19 декември, 2017- како дел на програмската секција „Креативно изразување и творење“, наставничките Љуљета Азири и Јасмина Ефремоска ја реализираа дневната активност  „Обувките низ времето“. Цели на активноста беа: поттикнување на позитивно расположение во групата,како и зајакнување на интеракцијата помеѓу децата; воведување на учениците во процесот на изработка на разновидни обувки од различни периоди; оспособување за учење низ игра; учење на поими на двата јазици во врска со темата; поттикнување меѓусебна соработка и почитување во текот на работата; поттикнување на трпеливост,прецизност кај учениците при спроведување на активностите и работата; развивање на креативност и инвентивност; да се оспособат учениците за препознавање на естетските компоненти во крајниот производ.