На почетокот на месец октомври 2017 година, пет тандеми на наставници кои се одговорни за интеркултурните активности како дел од третото тематско подрачје на Концепцијата за интеркултурно образование “Воннаставни активности” започнаа со спроведување на интеркултурните активности со учениците од македонските и албанските паралелки. Тандемите на наставниците кои започнаа со реализација на интеркултурните активности во текот на месец октомври 2017 година се:

  1. Лидија Билбилоска и Дрита Јакупи (ученици од второ одделение, Драмска секција)
  2. Сахиде Незири и Тодорка Крчевска (ученици од второ одделение, Драмска секција)
  3. Александра Наумчека и Севим Суљо (ученици од трето одделение, секција: Запознајте ја Македонија)
  4. Алпина Фејзули- Бешири и Милица Апостоловска (ученици од трето одделение, секција: Запознајте ја Македонија)
  5. Александра Огњаноска и Миневер Елмаз (ученици од петто одделение, секција: Креативно изразување и творење)