Како дел од Еко-секцијата, на 4. април 2018 година наставничките Виолета Паревска и Љуљета Ќерими организираа Велигденска работилница. Цели на активноста беа:
- поттикнување на меѓусебна успешна групна и тандемска соработка,
- поддржување на позитивна социо-емоционална клима во групата,
- оспособување на учениците за конструктивно меѓусебно договарање,
- охрабрување на учениците за невербално комуницирање во двојазично опкружување,
- зајакнување на самодовербата кај учениците,
- поттикнување на детската оригиналност, креативност,
- развивање на одговорен и активен однос кон групните задачи итн.
- Стекнување на знаења, вештини и способности за планирање, организирање, реализирање и вреднување на воннаставните воспитно – образовни активности.
- Социјализација на учениците од различни етникуми, мегусебна толеранција, негување на чувство за припадност едни покрај други;
- Учениците да се запознаат со празникот Велигден;
- Да ги вежбаат моторичките вештини преку декорирање на велигденски јајца.