На 20 март 2018 година, тимот наставници Дарко Талески, Наташа Забрчанец и Ферди Булут организираа посета на локална радио станица како дел од Нансен проектните активности од медиумско-сценската секција.
За време на посетата, учениците во парови правеа интервјуа и се фотографираа. На крајот од активноста тимот наставници дискутираа со учениците поставувајќи прашања:
– Како се чувствувавте денес?
– Што ви се допадна од оваа посета?
– Дали научивте нешто ново во врска со работата на радиото?
-Што мислите за професијата новинар во радио?
Учениците беа воодушевени од посетата бидејќи научиjа нешто ново и видоа за прв пат како изгледа една локална радио станица, која опстојува веќе 25 години. Исто така сите поставуваа прашања на уредникот, беа многу креативни и се интересираа за емисиите кои одат на радио, од каков вид се истите. Највозбудливиот дел беше кога уредникот ги поздрави во живо за време на програмата.