Во периодот 14-24 март, 2018 година наставниците од Група 19, 20, 21, 22, 23 кои го следат основното ниво на обука за интеркултурно образование при Тренинг центарот на НДЦ Скопје присуствуваа на практичните модули во рамки на програмата за обука за интеркултурно образование. Практичните модули за Нансен моделот беа организирани во ООУ „Гоце Делчев“ во Гостивар, додека нагледните воннаставните активности беа реализирани од страна на наставничките и Габриела Мерџаноска и Нагихан Снопче. Со учество на практичните модули и преку набљудување на интегрираните воннаставни активности, учесниците имаа можност да научат повеќе за практичните методи кои се применуваат во Нансен модел училиштата и да се запознаат одблиску со начинот на спроведување на Нансен моделот за интеркултурно образование.