На 28 март, 2018 година наставничките Маја Митева-Петроска, Тодорка Нане и Захарица Рујаноска ги реализираа активностите „Германија- знаме, јазик, парична единица“ и „Во светот на бајките“ планирани како дел од месечната тема „Германија“. Цели и задачи на активностите беа: запознавање на учениците со германските државни симболи, знаме, јазик, храна, како и со традиционалната носија и нејзините обележја; поттикнување на детскиот интерес за откривање и читање бајки од германските автори; оспособување на учениците за употреба на некои културни фрази од германскиот јазик; соработка и почитување меѓу учениците; одржување позитивна емоционална клима; развивање на креативноста, поттикнување на весело и ведро расположение.

„Во главниот дел на активноста Германија- знаме, јазик, парична единицаизработуваме постер, кој ги претставува најважните карактеристики на Германија. Учениците се делат во две групи со извлекување на апликации на кои се напишани зборови кои претставуваат различни области(симболи, традиција, спорт, култура, музика). Според нив учениците ги одделуваат различните апликации (по области),  истите ги објаснуват и ги групираат. На крај ги лепат на постерот.“ Захарица Рујаноска и Тодорка Нане.

„Во главниот дел на активноста „Во светот на бајките“ се пушта кратка презентација на бајката „Грдото пајче“ од Х. К. Андерсен и учениците ја проследуваат бајката и ги запомнуваат сликите од истата. Потоа, учениците работат во парови и секој пар добива една илустрација од бајката и истата треба да се обои. Откако сите илустрации ќе бидат готови, учениците, заедно со наставникот изработуваат книга од илустрации и на тој начин сликовите ја претставуваат веќе изгледаната бајка.“ Захарица Рујаноска и Маја Митева – Петроска.