На 4. октомври 2018 година, наставничките Елизабета Јовановска и Илбере Арифи ги реализираа интеркултурните воннаставни активности со учениците во рамки на Уметничката секцијата. Главните цели на активноста беа: запознавање на учениците и помнење на имињата на новите другарчиња; да се поттикнат на почитување, помагање и соработување во работата; да се развива чувството на радост и задоволство при учењето низ игра, како и поттикнување на учениците за меѓусебна соработка.