На 9 октомври 2018 година, наставничките Вјолца Рамадановска и Енглантина Муслиу ги реализираа интегрираните воннаставни активности со учениците во рамки на секцијата Креативно изразување и творење. Главните цели на активноста беа: запознавање на учениците и помнење на имињата на новите другарчиња; да се поттикнат на почитување, помагање и соработување во работата; да се развива чувството на радост и задоволство при учењето низ игра, како и поттикнување на учениците за меѓусебна соработка.