На 15 октомври 2018 година, група составена од директори од основни училишта од Босна и Херцегоцина, како и претставник од НДЦ Приједор беа на работна посета на НДЦ Скопје и Тренинг центарот, каде што одблиску се запознаа со работата во Нансен училиштата, придобивките од Нансен моделот за интеркултуно образование како и со работата на Тренинг центарот за интеркултурно образование. Групата беше составена од Светлана Радаковиќ- Ружичиќ, директорка на ОУ „Младен Стојановиќ“, Љубија, Приједор, Маја Бјељац, директорка на ОУ „Кирил и Методије“ Трнопоље, Приједор, Зинајда Пашагиќ- Хаџиќ, директорка на ОУ „Фатјовци“ Сански Мост и Тања Миловановиќ од НДЦ Приједор.

Групата посети едно од најуспешните училишта кои работат според Нансен моделот за интеркултурно образование, општинското основно училиште „Гоце Делчев“ во Гостивар. Посетата на училиштето беше организирана од тимот на НДЦ Скопје, наставниците и учениците вклучени во Нансен интеркултурните активности. Гостите имаа можност да присуствуваат на интеркултурните воннаставни активности кои се спроведуваат двојазично, на македонски и на албански јазик, со цел поблиску да се запознаат со наставната методологија применета во етнички мешани групи на ученици.