На 10 октомври, 2018 година Нансен дијалог центар Скопје додели благодарница на г-ѓа Гордана Настовска, психолог при ООУ „Гоце Делчев“ Гостивар. Признанието беше врачено од страна на извршниот директор на НДЦ Скопје, Сашо Стојковски во знак на благодарност за континуираната соработка, посветеност и поддршка на активностите реализирани во рамки на Нансен моделот за интеркултурно образование во ООУ „Гоце Делчев“ Гостивар. Освен соработката со учениците, наставниот кадар и родителите, НДЦ Скопје дава исклучителна важност на соработката и консултациите со стручните служби на училиштата како важен сегмент за поддршка на редовниот воспитно- образовен процес како и сите воннаставни активности од интеркултурен карактер.