По повод 100 години од основањето на Филозофскиот факултет – Скопје, Комисија за награди и признанија на факултетот ја додели јубилејната награда на Нансен Дијалог Центар Скопје, за поддршка на активностите на факултетот за подигање на општествена одговорност.

Констуктивната и плодната соработка со Филозофскиот факултет продолжува и се надградува со нови, претстојни активности со Институтите за педагогија и психологија, овозможувајќи континуирани обуки за интеркултурно образование за студентите.