На 26 октомври, 2013 год. НДЦ Скопје организираше свечен настан за доделување на сертификати за две групи на наставници коишто успешно го завршија основното ниво на обука во рамките на Тренинг центарот- Нансен модел за интегриранио образование.

Во текот на настанот, 48 наставници добија сертификати за успешно завршено основно ниво на обука во рамките на Тренинг центарот при НДЦ Скопје.

Извршниот директор на НДЦ Скопје, Сашо Стојковски, нагласи дека големиот интерес за запишување на нови наставници при отворениот повик за основна обука е многу силен показател за важноста на основањето и делувањето на Тренинг центарот.

Посебно ни е драго што денес ги доделуваме сертификатите на првите групи наставници коишто успешно го завршија основниот циклус на обука при Тренинг центарот- Нансен модел за интегрирано образование.  Вие како учесници, ќе добиете  меѓународно признаен сертификат којшто е потпишан и од страна на нашиот партнер- Советот за интегрирано образование на Северна Ирска. Сакам да потенцирам дека сме пријатно изненадени од втората група наставнци коишто беа спреми и финанскиски да партиципираат, изненадени сме од нивната мотивација, енергија  и напорот што го вложуваат да добијат што подбри обуки  и истите да ги применат во нивните училишта.
На новите генерации на наставнци и професори им честитам за добиените делуми и целосни сипендии и верувам дека стекнатото знаење од обуките ќе биде применето како и во проектните активноси, така и во редо
вниот наставен процес.“

Основачот на Нансен диајлог мрежата, Стајнер Брин ја потенцираше важната улога на наставниците во секое општество и потребата за стекнување на нови знаења и компетенции за работа во мултикултурно опкружување.

Овој Тренинг центар ги подготвува наставниците на најдобар можен начин- поради фактот дека вие се соочувате со проблемот на сегрегацијата, а тој проблем е закана за нашите општества. Ова значи дека вие стекувате знаење и компетенции за тоа како да ги научите децата да живеат на најдобар можен начин во македонското општество. Нансен моделот за интегрирано образование практикуван во програмата на Тренинг центарот пренесува една силна порака: интеграцијата не се залага за асимилација, туку интеграцијата промовира почитување на различностите.“

Во текот на нејзиното обраќање, менаџерот за едукација, обука и развој при НДЦ Скопје, Билјана Крстеска- Папиќ ја нагласи потребата од планско и ситемско планирање и структуирање на обуките за интегрирано образование преку призмата на Нансен моделот за интегрирано образование како и долгорочната придобивка за наставниците коишто учествувале на обуките.

“Учество во обуките за НМИО секако дека ве стави и пред многу дилеми, отвори многу конструктивни дискусии, предизвика многу бури на идеи, што ја потхрани вашата желба  и мотивација за продолжување на овој повеќеслоен процес, што и го докажавте со посветено и активно продолжување со напредното ниво на обуки кое ќе ви овозможи продлабочување на вашите аргументи зошто е потребно интегрирано образование не само во македонскиот општествен контекст, туку и во глобални светски рамки како современа образовна потреба и  тенденција.“

Вториот дел на настанот беше посветен на новите групи на наставници кои се воедно и добитници делумни и целосни стипендии доделени од страна на НДЦ Скопје и коишто ќе бидат вклучени наскоро на обуките организирани во Тренинг центарот.

Наставниците присуствуваа на две презентации организирани од страна на тимот за едукација, обука и развој во текот на кои се информираа околу обележјата и придобивките на Нансен моделот за интегрирано образование како и за програмата реализирана во рамките на Тренинг центарот.

За повеќе фотографии, кликни тука.