На 25.  февруари 2019. година, наставниците Тодорка Нане и Надица Нане ја реализираа дневната активност “Хербариум” во рамки на темата “Збирки” од Еко секцијата на Годишната програма за воннаставни интеркултурни активности за петто одделение.

Учениците со помош на енциклопедија се запознаа со растенијата односно нивните делови, како и со поимот хербариум. Тие заедно со наставниците разгледуваа и опишуваа пресувани лисја со кои потоа изработија постери.

Цели на оваа активност се негување на грижлив и одговорен однос кон растителниот свет, продлабочување на интересот кај учениците за истражување во непосредното природно опкружување, поттикнување соработка меѓу учениците и наставниците од двете групи, поттикнување и поддржување на позитивна социо-емоционална клима во групата како и збогатување на активниот речник кај учениците со нови поими на двата јазика.