На 2. ноември 2018 година, меѓународна делегација составена од г-дин. Геир Хакон Јохансен, прв секретар на Норвешката амбасада во Белград, г. Стеинар Брин, основач на Нансен дијалог мрежата, г-ѓа. Ингрид Вик, Скантеам Норвешка, г-ѓа. Симоне Филипини, директор на Холандскиот институт за повеќепартиска демократија, придружуван од персоналот на НДЦ Скопје, посети едно од училиштата кои го спроведуваат моделот Нансен, основното училиште „Братство“ во општина Карпош, Скопје. Делегацијата беше поздравена од г-ѓа. Јадранка Поповски, директорка на училиштетп, г-ѓа. Марина Хаџипанзова, училиштен педагог, г. Андреј Манолев, претседател на општинскиот совет на општина Карпош, г-ѓа. Гордана С. Зафировска од секторот за прашања од јавен интерес при општина Карпош.

Делегацијата ги посети Нансен училниците и оствари средба со учениците, наставниците и училишниот персонал, и воедно имаа прилика да ја увидат позитивната трансформација на училишните простории и да дискутираат за придобивките од имплементацијата на Нансен моделот за интеркултурно образование. Преку сведоштвата на наставниците и учениците вклучени во активностите на Нансен моделот, делегацијата имаше прилика да се информира за клучните придобивки од имплементација на моделот во создавање на интегрирана училиштен етос, како и успешна интеграција на учениците, наставниците и родителите од различно етничко и верско потекло.

Делегацијата пренесе охрабрувачки пораки и ја изрази својата поддршка и восхит за активностите спроведени со поддршка на НДЦ Скопје.