На 5. октомври 2018 година, наставничките Марина Симовска и Елида Алити реализираа интеркултурни активности планирани според месечната тема „Нашето уметничко катче“. Цели на активностите беа: поттикнување на соработнички односи во групата; поддржување на конструктивната комуникација и соработка меѓу учениците и наставниците од две етнички групи; поддржување на креативноста и иновативноста кај учениците.