Во текот на декември, 2018. година, учениците од прво одделение заедно со нивните наставнички Теута Бајрам Мухарем и Татјана Стаматова реализираа активности во рамки на месечната тема,  Новогодишни желби, во рамки на Еко секцијата од Годишната програма за интеркултуни воннаставни активности.

Активностите беа составени од воведни игри со цел учениците да се запознаваат со дневните теми. Во мешани групи учениците изработија честитки за нова година и на истите ги запишаа нивните желби за новата година. Учениците исто така дискутираа за зимата и промените кои настануваат во ова годишно време, тие гледаа видеа за зимата, а во групи изработија снегулки од различни материјали и форми. Во крајот на активноста секоја група ги презентираше нивните изработени снегулки  и со истите ја декорираа училницата.

Цели на активностите се учениците да ги знаат промените кој настануваат во природата, да ги пепознаат карактеристиките на зимата, да работат во групи со мешан етнички состав, да разменуваат идеи и да ги почитуваат правилата во групата.