На 14 ноември 2018 година, наставниците Захарица Илиеска и Маја Митева Петроска ја реализираа дневната активност „Песни од мојот крај“, од секцијата Запознај ја Македонијаод Годишната програма за воннаставни интеркултурни активности за трето одделение

Активностите се реализираа со музички игри. Учениците на постер нацртаа дрво со музички ноти, наслови на песни и текстови на песни од нивнот крај. Тие користеа стикери за да формираат наслови на популарни македонски и влашки песни.

Целите на активноста се:запознавање на учениците со македонски и влашки песни, потхранување на љубов кон татковинатаи почитување на културните различности во Македонија како и поттикнување на соработничките односи меѓу учениците од различни етникуми.