На 21. февруари 2019 година, НДЦ Скопје организираше предавање на меѓународен експерт од сферата на интеркултурното образование, како дел од напредно ниво на обука за Нансен модел за интеркултурно образование. Професор Стеинар Брин од Нансен Академијата од Лилехамер – Норвешка,  кој е дел од меѓународниот тим обучувачи во рамки на Тренинг центарот, презентираше на тема “10 совети од наставник до наставници“.  Воедно, групите 19., 20., 21. при Тренинг Центарот на НДЦ Скопје се здобија со сертификатите за успешно завршено напредно ниво на обука, со што се заокружува две годишниот циклус на обуки.

Сашо Стојковски, извршен директор на НДЦ Скопје искажа задоволство за работата на наставниците, начинот на имплементација и постигнатите резултати од реализирањето на интеркултурните активности. Пред присутните се обрати и Сафет Незири, државен советник за образовни политики при Министерството за образование и наука, кој ја нагласи потребата и значењето на интеркултурното образование и улогата на овој вид на обуки во зајакнувањето на интеркултурните компетенции и вештини кај наставниците од основното и средното образование во Република Македонија.

 За повеќе фотографии од предавањето посетете ја фото галеријата на www.tcnmie.org