На 27 октомври 2018 година, Нансен дијалог центар Скопје го промовираше Прирачникот за наставници – Како до интеркултурно образование. Прирачникот беше промовиран за време на меѓународната конференција за интерктултуно образование на која присуствуваа наставници -учесници на Тренинг центарот за интеркултурно образование како и меѓународни експерти- предавачи.

Со свој осврт за улогата и важноста на прирачникот се обратија Паула Мелквејн од Советот за интергирано образование на Северна Ирска и Сонај Билал, координатор за едукација, обука и развој при НДЦ Скопје.

Паула Меклвејн ги нагласи бројните интерактивни методологии кои се претставени во прирачникот и коишто може да се усвојат за поттикнување на позитивната социо-емоционална клима и за развивање на ученичките вештини низ отворена и конструктивна комуникација, мирно решавање на конфликтите, надминување на пристрасноста, стереотипите и предрасудите и поттикнување на критичкото мислење.  г-ѓа Меклвејн истакна дека една од важните позитивни страни на овој прирачник е што со него се покажува дека сите училишта и наставници во Македонија може да се вклучат во позитивна и планска интеркултурна активност, но и дека Нансен моделот за интеркултурно образование е нагласен и во остатокот од прирачникот, каде што се изложени импресивните позитивни резултати коишто овој модел ги остварува во областа на воннаставните активности.

Сонај Билал, координатор за едукација, обука и развој истакна дека Прирачникот за наставници – Како до интеркултурно образование, содржински е обликуван во согласност со Концепцијата за интеркултурно образование која нуди јасни насоки и решенија за тоа, како може воспитно-образовниот систем во Р. Македонија да биде трансформиран и надграден со интеркултурна ориентација и вредности. Беше нагласено дека прирачникот е изработен со намера да ги запознае наставниците со основсните постулати на интеркултурното образование, но и да им помогне во создавањето на разновидни воспитно-образовни иницијативи со интеркултурен предзнак.

 

За да го преземете и прочитате прирачникот, кликнете на следните линкови:

МакедонскиАлбанскиТурски Англиски