Во текот на декември 2018. година, наставниците Зана Амедовска Сељимоска и Сашка Делова реализираа заеднички активности од Еко секцијата од Годишната програма за воннаставни  активности за седмо одделение.

Преку овие активности учениците истовремено се ­здружија, уживаа и рециклираа. Користејќи материјали како пластика, стакло и хартија, тие изработија новогодишни изработки и изложба од различните видови на отпадни материјали со цел да се прикаже значењето на поимот екологија.

Цели на активностите се поддржување тимска и тандемска соработка при организирање еко – проектни задачи, поттикнување на еко-свест и еко-совест кај учениците, како претпоставка за одговорно однесување во непосредната околина и збогатување на активниот речник кај учениците со нови поими од областа на екологијата на двата јазика.