Во текот на октомври 2018. година, наставниците Виолета Паревска и Лулјета В. Керими со учениците од второ одделение реализираа активности во рамки на месечната тема Собраќајни знаци од Сообраќајната секција на Програмата за воннаставни интеркултурни активности.

Во текот на овие активности учениците имаа можност преку различни игри да ги разработат темите: Знаци за известување, предупредување, опaсност, На сообраќајница, Семафор и Крстосница. Тие на лице место набљудуваа како се одвива сообраќајот, и изготвија  изработки на сообракајница по добиените впечатоци.

Цели на овие активности се оспособување на учениците за самостојно препознавање на значењето на сообраќајните знаци, развивање одговорен однос и навика за почитување на поставените сообраќајни знаци, воведување на учениците во основите на симболичката писменост, продлабочување на конструктивните соработнички односи меѓу учениците од различни етнички заедници, како и развивање логичко, флексибилно, дивергентно и критичко мислење кај учениците.