Во текот на првите месеци на учебната 2018/2019 година, наставниците Милчо Стојановски и Салим Селимоски реализираа активности од секцијата Нансен спортски клуб во рамки на Годишната програма за воннаставни интеркултурни активности.

Активноста беше привлечна и забавна за учениците кои истовремено се запознаваа еден со друг и  реализираа разни спортски техники и игри.

Цели на овие активности се, поттикнување на натпреварувачки дух кај учениците, како и на конструктивните соработнички односи во групните игри, промовирање и поддржување на здрав стил на живеење кај учениците, оспособување на учениците за правилно изведување на различни спортски техники, подобрување на општата физичка подготвеност како предуслов за правилен физички развој како и оспособување на учениците за ослободување од физичка и психичка напнатост преку колективни игри.