Во текот на декември 2018. година, наставниците Елена Поповска и Линдита Јусуфи заедно со учениците од седмо одделение реализираа активности од месечната тема Мои/ наши права во рамките на секцијата Мир и толеранција од Годишната програма за интеркултурни воннаставни активности.

Во рамки на месечната тема се реализираа активностите: Права во семејството, Права во училиште, Права во моето маало, Право на животна средина. Учениците соработуваа меѓусебно преку различни игри. Тие гледаа видеа од УНИЦЕФ во врска со Конвенцијата за правата на децата. Исто така, учениците на хамер напишаа нивни имиња или цртаа нешто што ќе асоцира на нивното име и напишаа изреки за правата на децата.

Овие активности имаат за цел, усвојување знаења за правата на детето, развивање логичко, флексибилно, дивергентно и критичко мислење кај учениците, сензибилизирање на учениците за почитувањето на меѓусебните различности како и поттикнување конструктивни соработнички односи меѓу учениците од различни етнички заедници.