Во текот на месец септември 2018 година тандемот составен од наставничките Сузана Вејсели и Гордана Томеска ги реализираа воведните воннаставни активности според Нансен моделот за интеркултурно образование со учениците вклучени во проектот. Целта на активностите беше меѓусебно запознавање на учениците и создавање позитивна работна клима во училницата. Во текот на часот беа реализирани разни активности и игри спроведени од страна на наставничките користејќи тандемска соработка и двојазичен пристап.