(09.06.2010) Крајот на учебната 2009/2010 година е успешно заокружен со оддржувањето на завршната приредба на тема: Кога ќе пораснам сакам да бидам. Учениците од двете генерации учествуваа во реализацијата на овој настан којшто беше уште една потврда на нивните добри резултати и постигнувања.

Низ мноштво на игри и песни, децата презентираа разновидни професии, коишто се дел од нивните желби и очекувања кога ќе пораснат и ќе ги напуштат училишните клупи. Многубројната публика со воодушевување и искрени, топли апллаузи ги награди сите настапи коишто се одликуваа со детска непосредност и спонтаност.

Приредбата уште еднаш ги потврди придобивките на интегриран двојазичен модел на образование, којшто овозможи учениците и нивните наставнички да создадат финален продукт во кој беа рецитирани и испеани песничките и на двата јазици од страна на сите учесници.